Свет

„Русија може да ја уништи Украина за еден ден“, вели поранешен функционер во Белата куќа

Русија може да ја уништи Украина за еден ден, дури и без употреба на нуклеарно оружје, смета поранешниот функционер во Белата куќа Пол Крег Робертс.

„Западните земји имаат сосема погрешна слика за ситуацијата. Русија може да ја уништи Украина за еден ден, без употреба на нуклеарно оружје“, напиша Робертс на својата веб-страница.

Според поранешен претставник на американската администрација, Русија не презема такви чекори поради историската блискост.

„Украина и нејзиниот народ се дел од Русија со децении. Тоа е еден вид меѓуетнички брак“, рече Робертс, додавајќи дека Москва „не сака да биде одговорна за обновата на украинската инфраструктура“.

На почеток