Македонија

Синот на заменик министерот во МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола?

МВР ќе ги проверува информациите до кои дојде Телма според кои син на функционер на МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола но откако полициските службеници успеале да го сопрат го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи иако при легитимирањето било констатирано дека според регистарските таблички станува збор за приватно возило.

Сепак доказите за инцидентот не можеле да се избришат бидејќи истите биле снимени преку радио комуникацијата на полициските службеници и централата на СВР Скопје согласно законските прописи.

Телма дознава и дека возилото на кое нелегално биле инсталирани флешери било земено на лизинг како возило на обезбедување на фабрика со марихуана… За истото возило неколкупади до сега имало и казни за сообраќајни прекршоци, а еднаш дури било спуштено од пајак возило кога било непрописно паркирано. Од МВР велат дека доколку биде утврдено полициско постапување спротивно на законот полициските служеници ќе бидат санкционирани.

На почеток