Македонија

Македонија пред важна улога: Историјата не смее да биде во фокусот на преговорите

Македонија се наоѓа пред важна одлука – дали преку промена на Уставот ќе ги продолжи преговорите со ЕУ, порача германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер од Скопје. Кажа дека е многу свесен дека довербата на македонските граѓани кон ЕУ беше намалена со Преспанскиот Договор, но и за компромисот кој Македонија го покажа во однос на спорот со Бугарија – смета дека сите овие напори на крајот ќе се исплатат.

На новинарско прашање како гледа на фактот што за прв пат во пристапните преговори со ЕУ се вклучува историска комсија, тој вели дека историските прашања не треба да бидат фокусот во преговорите со ЕУ.

– Јас веќе зборував за тоа, за посебните услови, за посебните оптоварувања за пристапниот процес за кој сега зборуваме. Под тие оптоварувања сметам дека овој пристапен процес и во минатото беше поврзан со многу историски прашања и се занимаваше со нив. Кога зборуваме за пристап кон ЕУ всушност зборуваме за прашања од сегашноста и заедничката иднина во Европа, така што би сакал само да советувам акцентот да биде поставен во тој правец, не кон минатото и да се бараат нови пречки. – изјави Франк Валтер Штајнмајер претседател на Германија.

Ако процесот на преговори не биде базиран на историја, туку на реалните базирани критериуми и вредности – Макеоднија ќе ги заврши преговорите во рекордно време, кажа шефот на државата Пендаровски. Според него чекањето од 17 години ја направи Македонија најдобро подготвениот кандидат за членство во ЕУ. Повика на државно обединување за промена на Уставот.

– Ако навистина сакаат европски интеграции, тогаш мислам дека треба да проработи свеста и кај нив и да гласаат за уставните промени, утре, задутре, догодина, за година – две тие ќе бидат , во една демократија има промна на власта секој пат, тие ќе бидат на власт и ќе го бараат истото од утрешната опозиција, зошто тоа не би го завршиле сега. Ако сите се согласуваме, 30 години наназад дека имаме апсолутен консензус за членство во Европска Унија, претходно во НАТО, не сум чул за поинаков став, зборувам за најголемата опозициона партија, не за останатите во опозиција, мислам дека треба да го завршиме тоа час поскоро. – изјави Стево Пендаровски претседател на Македонија.

Штајнамајер не вети дека Македонија ќе стане членка на Европската Унија до 2030та година – вели дека не е пророк, а за тоа дали овој план на македонската влада е реален, тој порача Македонија да си ја заврши домашната задача со реформската агенда и на тој начин ќе го забрза процесот.

Шефот на државата Пендаровски пак испрати порака до Брисел и сите останати земји- членки, доколку регионот почувстува дека вратите на Унијата се широко отворени, довербата во Еу нема да се движи по надолна линија.

На почеток