Македонија

Усвоен Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го разгледа и усвои Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан предложен од Министерството за надворешни работи.

Со овој Договор, членките на иницијативата „Отворен Балкан” ја потврдуваат неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени производи, предизвикан од потенцијална кризна ситуација во регионот или криза која влијае на глобалниот пазар и се одразува на регионот и воедно се согласни дека нема да има забрани за тргување со основни земјоделско, прехранбени производи мeѓу членките на иницијативата „Отворен Балкан”.

На почеток