Свет

Пожар на брод во Турција: Загина капетанот, повредени 13 лица

Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во пожар што избувна вчера на товарен товарен брод со малтешко знаме во близина на турската провинција Синоп, јави НТВ, повикувајќи се на локалните власти.

Според пријавата, жртвата е капетанот на бродот, а тројцата повредени се во критична состојба, пренесе ТАС С.

На бродот имало вкупно 17 луѓе.

– Известени сме дека капетанот е мртов. Екипажот е однесен со брод до пристаништето Синоп, изјави гувернерот на Синоп, Ерол Караомероглу – пренесе Ројтерс.

Инцидентот се случил во една од кабините на бродот околу 20:30 часот по локално време.

Екипажот ги алармирал локалните власти, а на бродот веднаш биле испратени чамци за спасување и пожарникари.

Повеќето од жртвите имале проблеми поради труење со јаглерод моноксид, објави телевизијата А Хабер.

Причината за пожарот се утврдува.

На почеток