Актуелно

(ВИДЕО) Шерифовиќ со совршенство од песна, за еден ден милион прегледи!

Српската пејачка Марија Шерифовиќ по пет години пауза објави нова песна, „Добар ви ден“. Песната ја напиша Леонтина Вукомановиќ, а аранжманот е на Дарко Димитров. Со песната Марија промовира и видео, кое за еден ден има скоро еден милион прегледи на Јутјуб.

„Добар ден пропаднати луѓе, што планирате за денес, да плукнете некого в лице? Каде ви се соништата, празна вреќа, сè се мери на грам, живот, љубов, тага и среќа, кога животот изгледа како проба, ебено доба“, пее Марија во песната, за која вели дека е посветена на светот кој наликува на џунгла, полн со хаос, неправда и лаги, каде што нема милост и разбирање за незаштитените и добрите луѓе.

Марија пред неколку месеци откри дека работи на нов албум со Дарко Димитров и неколку пати во текот на годината објави видеа од снимањето на песните во неговото студио. Таа вели дека албумот ќе го промовира на есен следната година.

На почеток