Ургентниот центар во Кичево остана без струја

Од
Објавено на

Синоќа Ургентниот центар во болницата во Кичево останал без електрична енергија, јавува ТВ21.
Телевизиска екипа се упатила на самото место и затекна темница низ ходниците на центарот.
Болницата донела одлука сите пациенти да се префрлат во други одделенија, а екипите излегле на терен и работеле на отстранување на дефектот.
Директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами дал уверување дека проблемот ќе биде саниран.
