Состојбата во Пирот е многу подобра, но амонијак се уште истекува


Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, денеска изјави дека резултатите се многу подобри кога станува збор за контаминација на воздухот и водата со амонијак во тој град и дека очекува од утре децата да се вратат во училишните клупи, а вработените на своите работни места.
Васиќ за РТС вели дека е поставена мобилна станица која го мери квалитетот на воздухот во индустриската зона.
„Од час во час присуството на амонијак е во белата зона. Не е ни во зелената зона, што е прифатливо, туку под границата. Исто така, голем пад на амонијак е забележан во Нишава кај Бела Паланка, изјави Васиќ.
Во Пирот се уште е на сила вонредната состојба поради истекување на амонијак од вагон-цистерна кој излета од шините на десетина километри од градот. Според последните анализи на воздухот, во градот нема амонијак, но гасот од резервоарот се уште истекува, па концентрациите во тој дел се зголемени. Според анализите на градскиот завод за јавно здравје, водата е исправна, а водоснабдувањето е редовно.
Се вршат редовни и вонредни контроли, особено на местото Станичење, бидејќи локалниот извор е на 150 метри од местото на несреќата, вели Зоран Николиќ, директор на водовод.
