Македонија

Уапсените полицајци на Табановце биле со месеци следени: Направени се 27 претреси, „паднаа“ 9 полицајци

Со месеци биле следени сите постапки на 27 полициски службеници кои работеле на граничниот премин „Табановце“. Од нив, МВР поднесе кривична пријава за 12 лица, а приведени се девет. Обвинителството за гонење организиран криминал, четворица ќе ги гони за злосторничко здружување, како и за соизвршителство во примање поткуп, додека останатите се осомничени за злоупотреба на службена положба и овластување.

„По повеќемесечна предистражна постапка, врз основа на сознанија дека на ГП
Во почетокот на 2020 година, осомничените – командир на ПС за гранични проверки, двајца виши полицајци во истата ПС и еден полициски службеник, опфатени во Наредбата за истражна постапка, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, создале група со цел да вршат кривични дела Примање поткуп од чл. 357 и Злоупотреба на службената положба и овластување од чл 353 од КЗ за кои кривични дела може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна. Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службенци кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10 ,20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра.

На 25 декември при спроведените претреси кај осомничените се пронајдени предмети, подароци и поголема сума на пари за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од извршените кривични дела за кои се осомничени. Па така, кај четвртоосомничениот пронајдени се 15.795 евра во банкноти во апоени од по 5 евра, 10 евра и 20 евра и 30 швајцарски франци, додека кај првоосомничениот се пронајдени 210.000,00 денари во апоени од по 1.000 и 2.000 денари. Воедно, во зградата на ГП Табановце во просторијата – кујна во метален сад сместен во висечки орман пронајдени се 420 евра и 20 франци што осомничените ги сокриле како пари примени тој ден како поткуп“, велат од ОЈО-ГОКК.

Во текот на вчерашниот ден предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување на мерката притвор за четворицата осомничени, додека за петмина за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство.

На почеток