Тим на француски спасувачи соопшти дека со помош на сензори детектирале уште еден човек под рушевини од хотел на индонезискиот остров Сулавези, за кој се верува дека е се уште жив.
Филип Бенсон, член на францускиот тим, изјави дека детектирале човек под рушевините на хотелот „Меркур“ во Палу, но не можеше да потврди дали е во свесна состојба.
Уредот може да регистрира знаци на живот, дишење и отчукување на срцето.
„Мораме да го избушиме бетонот за да ги потврдиме тие информации и да и пријдеме на жртвата“, вели Бенсон.
Во земјотресот и цунамито досега животот го изгубија 1.424 луѓе, но се очекува бројот да расте.
