Скопје

Усвоени предлозите на советниците на Левица во Советот на Општина Карпош

Сакаме да ве информираме дека на седницата на Советот на Општина Карпош во склоп на програмите за престојната 2023 година, советниците на Левица ги дадоа следните предлози и истите беа прифатени:

Во склоп на програма за енергетска ефикасност и екологија – изработка на Физибилити студија со цел основање на ЈП за производство и продажба на електрична енергија со што на краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање на ЈП, да остварува и финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот на жителите на Општина Карпош.

Во првичната фаза обезбедивме средства за простор за отворање на дневен центар за лицата со попреченост во Општина Карпош. Првично е направена консултација и анализа на потребите за отворање на Дневни центри од таков тип со здружението “Дајте ни крилја” кои несомнено се потребни за да им го олеснат секојдневното функционирање на лицата со попреченост.

Во склоп на Програмата за еднакви можности на жените и мажите – пренамена на средства од активности во истата програма од буџетот и двојно ги зголемивме за активности во делот на Превенција и советување за спречување на семејното насилство.

Левица и понатаму ќе продолжи да работи за интересите на жителите на Општина Карпош.

На почеток