Свет

Автомобил влета во толпа луѓе: Седуммина загинаа

Седум лица загинаа денеска, а повеќе се повредени кога возачот на автомобил изгубил контрола над возилото и влетал во толпата собрана на улична забава.

Несреќата се случила во градот Калабар на југот на Нигерија.

Возачот изгубил контрола над автомобилот на преполната улица во Калабар, главниот град на државата Крос Ривер, токму во моментот кога луѓето се собирале да гледаат парада на мотоциклисти, соопшти релевантниот оддел на сообраќајната полиција.

Денешната парада требаше да биде врв на карневалот Калабар кој се смета за една од најголемите улични забави во Африка и привлекува не само луѓе од цела Нигерија, туку и од околните земји. Илјадници луѓе се собраа да ги гледаат акробациите и парадата на мотоциклистите кога автомобилот влета во толпата, фрлајќи ги телата на повредените покрај патот, потврдија очевидци.

На почеток