Актуелно

Изминатото деноноќие пријавени десет тепачки

На 31.12.2022 во 00.20 часот било пријавено дека на 30.12.2022 околу 23.45 часот во угостителски објект во Велес малолетник од општина Чашка бил физички нападнат од Х.К.(32) од с.Горно Оризари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2022 во 18.37 часот Ф.К.(64) од Дебар пријавил дека во Дебар по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од А.Л.(20) и А.Л.(25), двајцата од Дебар. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.12.2022 во 14.25 часот Н.А.(54) од с.Голем Папрадник-Центар Жупа пријавил дека бил физички нападнат од З.Д.(72) од истото село. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.12.2022 во 16.00 часот Г.П.(53) од Р.Грција пријавил дека во с.Кравари-битолско на паркинг пред маркет бил физички нападнат од М.Х.(29) од с.Жабени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2022 во 21.50 часот З.М.(52) од Струмица пријавил дека пред угостителски објект во Струмица бил физички нападнат од В.Г. од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 30.12.2022 во 19.10 часот В.К.(54) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од С.С.(50) од Куманово. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.12.2022 во 13.30 часот било пријавено дека во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Б.В.(44) и Н.С.(38), двајцата од Куманово. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 30.12.2022 во 15.00 часот Д.В.(45) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 30.12.2022 во 17.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу С.М.(43) и М.К.(48), двајцата од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 31.12.2022 во 00.15 часот Н.З.(47) од село Горна Бањица пријавил дека на 30.12.2022 околу 23.30 часот во Гостивар неговиот син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На почеток