Охрид

Отворен веб портал за поголема достапност до младинскиот центар Охрид

Младинскиот центар Охрид отвори веб портал на кој младите охриѓани и сите заинтересирани можат да добијат повеќе детали за начинот на функционирање на центарот и сите информации поврзани со младинското делување во Охрид.

На веб страницата www.mco.mk објавени се различни видови на содржини поврзани со програмите кои ги спроведува центарот за подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот. Исто така, постојано се објавуваат информации од важен интерес и се обезбедува навремено и точно информирање на локалните млади за сите можности кои им се нудат.

На веб страницата се поместени и информации за унапредување и поттикнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки во локлната заедница како и програми за едукацијата на младите од Охрид, преку различни методи на неформално образование. Исто така, на порталот се споделуваат и инфомации за настани, културни и спортски случувања во Охрид, а се споделеуваат и огласи за вработување кои се активни на подрачјето на Охридскиот регион.

На почеток