Свет

(ВИДЕО) Во Њујорк, Новата година беше прославена на Тајмс Сквер

Во Њујорк, Новата година беше пречекана на Тајмс Сквер со многубројна публика и песната на Френк Синатра „Њуjорк, Њујорк“.

Публиката до полноќ ги следеше изведбите на J-Hope и New Edition, јави BBC.

На Тајмс Сквер во Њујорк традиционално на полноќ се спушта џиновска кристална топка.

Земјината топка е покриена со 2.688 кристали од Waterford кои содржат повеќе од 32.000 LED светилки.

Оваа традиција датира од 1907 година, кога луѓето се собирале и одбројувале до почетокот на новата година.

На почеток