Свет

За првпат се огласија од потонатиот „Фристајлер“, сплавот кој потона

За првпат од инцидентот на новогодишната ноќ, се огласија од сплавот „Фристајлер“ објавувајќи дека двата локали ги затвораат, но не наведуваат дали и кога повторно ќе бидат отворени.

Кратката порака од „Фристајлер“ ја објавија на профилите на социјалните мрежи.

„’Фристајлер‘ и ’Фристајлер витерстејџ‘ нема да работат поради годишни одмори и новонастанатата ситуација. Отворањето ќе го објавиме на нашите профили на социјалните мрежи“, гласи кратката порака.

Сплавот потона на новогодишната ноќ поради пренатрупаност. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб раскажуваа дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, се создала паника и стампедо кон излезот.

Вчера за инцидентот српската полиција приведе три лица: директорот, сопственикот и менаџерот, од кои еден е грчи државјанин. Тие се осомничен за кривично дело против општата безбедност.

По апсењето, од српското МВР се огласија дека осомничените дозволиле присуство на поголем број лица на сплавот од капацитетот на овој објект и со тоа ја загрозиле безбедноста на поголем број луѓе.

На почеток