Скопје

Загаденоста во Скопје соборува рекорди, измерени речиси 900мг ПМ10 честички

И денеска како и изминатите денови Скопје е дел од најзагадените градови во светот. Според IQAir, швајцарска технолошка компанија за квалитет на воздухот, последните десет дена главниот град нa Македонија неколку пати се најде рангиран меѓу најзагадените градови во светот.

Во центарот на Скопје вечерва се измерени 897 микрограми ПМ10 честички. Во Автокоманда измерени се 417 мг на м3, а во Аеродром 409 мг на м3.

Деновиве во скопската котлина се задржа и густа магла која дополнително ја влоши состојбата со загадувањето.

Според здравствените работници најпогодени од ваквото време се хронично болните и децата, барем според повиците кои ги добила итната медицинска помош.

На почеток