Скопје

Без вода жителите на улица „Бутелска“

Дел од жителите на улица „Бутелска“ денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач ф-100 милиметри, известуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.

– Ве известуваме дека на ден 04.01.2023 поради дефект на затворач ф-100 милиметри на улица „Бутелска“ бб (во близина на расадникот Радишани), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Бутелска“ – парните краци 2, 4 и 6 и непарните од број 1 до 21, велат од претпријатието.

Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

На почеток