Охрид

Машко дете е првото новороденче во Охрид

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2023 година. Новороденчето, денес, го посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој го дарува со пригодни подароци.

Градоначалникот Пецаков упати честитки до семејството за нивната принова и им посака да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да израсне во среќен и успешен човек. Градоначалникот упати честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите, и до целиот медицински персонал.

Новороденото дете е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 53 сантиметри. Породувањето било синоќа во 20 и 55 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

На почеток