Скопје

12 казнети возачи за минување на црвено светло

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток