Македонија

Мијалков шетал за дочекот на Нова година

Ексдиректорот на УБК, сега затвореник, Сашо Мијалков, новата година не ја дочекал во струшкиот затвор, каде одлежува затворска казна, пишува „А1он“. Тој бил на продолжен викенд, односно три дена ги поминал надвор од установата. Оваа привилегија му била овозможена од директорот на затворот, Ваљон Ќуља.

Мијалков излегол во четвртокот, на 29 декември, само три дена откако беше на судење во скопскиот Кривичен суд. Од Управата за извршување санкции тврдат дека тој се вратил на 1 јануари, односно во недела.

Извор: А1он

На почеток