Македонија

(ФОТО) Први слики од Велес, воз удри во комбе – има повеќе повредени патници

Први фотографии од несреќата кај Велес.

Комбе кое што вршело јавен превоз за потребите на Општина Чашка удрило во железничко превозно средство на пругата кај поранешна „Порцеланка“.

„Денеска (05.01.2023) во 12.01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката Порцеланка во Велес се случила железничка незгода помеѓу воз на Македонски Железници и такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка“, велат од МВР.

Во сообраќајната незгода повредени се 12 граѓани од кои двајца од населба Чашка и останатите од село Мелница, рече градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски , кој што е на лице место на сообраќајната незгода.

Возачот на железничката дрезина даде изјава а официјално и од СВР Велес (видео) – ДУМА.мк (duma.mk)

На почеток