Македонија

Страотни детали за исчезнатата жена од Драчево: Кога и се јавив, не можеше да зборува, сфатив дека нешто не е во ред!

Зојка Луковиќ, родна 1954 година, излегла од својот дом во Драчево на 31-ви декември, околу 12 часот и и се губи секаков траг. Веќе шести ден трае потрагата по неа, а нејзиниот син Марјан за ,,Фокус” вознемирен од настанот ги открива деталите.

Раскажува дека мајка му немала здравствени проблеми и живееле заедно. Животот го поминала работејќи хонорарни работи, чувала стари лица, се борела да донесе парче леб како самохран родител.

Дента кога исчезнала носела црвена јакна и капа, и е ситна жена со црвена коса. Тој и се јавил на мобилниот околу 18 часот, и вели дека штом и го слушнал гласот знаел дека нешто не е во ред, па веднаш пријавил во полиција.

-Мајка ми излегла од дома околу 12 часот. Се беше во ред со неа, немаше никаков проблем. Кога во 18 часот и се јавив да видам каде е и зошто не си доаѓа дома, таа не можеше да зборува на телефон. Ми одговори на повикот, кога ја прашував каде е, само нешто нејасно слушнав, сфатив дека нешто се случува и веднаш се јавив во полиција.
Не сакам да избрзувам со заклучоци што точно се случувало со неа во тој момент кога ми одговори на повикот, но нешто не беше во ред и таа не можеше да зборува, затоа и побарав помош од полицијата.

Од информациите кои ги имаме до сега, веќе е шести ден откако и се изгуби траг, телефонот последно е лоциран таму, во таа област, околу Драчево. Откако пријавив во полиција, потоа веќе и телефонот и беше исклучен. Очаен сум, барам помош од сите граѓани, од институциите, сакам да ја пронајдеме мајка ми – вели синот.

Повеќе Втора исчезната жена за девет месеци во Драчево, со слична физиономија како првата која уште не е пронајдена! – Фокус (fokus.mk)

На почеток