Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, во котлините магла

Претпладне по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе предизвика во повеќето котлини условите за магла да се намалат, така што ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец.

На почеток