Свет

„Украинската авијација денеска оперира над Киевската област“, соопшти воената управа на Киев

Украинската авијација денеска оперира над Киевската област, соопшти воената управа на Киев, а околностите за оваа акција не се прецизирани.

Денеска сигналот за опасност од воздух траеше повеќе од еден час на целата територија на Украина, пренесува ТАС С.

Рускиот претседател Владимир Путин нареди нивната армија денеска и утре да го прекине огнот долж борбената линија. Украина реагираше негативно на предлогот за божиќно примирје, а поранешниот пратеник на таканаречената Луганска народна република во Москва, Родион Мирошњик изјави дека Киев може да започне со провокации и да ја обвини Русија дека не го почитува прекинот на огнот.

На почеток