Магазин

Во Хрватска се снима филм за геј партизани, а за снимањето се вложени многу пари

Во Хрватска се снима филм кој раскажува за геј партизаните, а Хрватскиот аудиовизуелен центар за него уште во 2017 година издвоил 3,7 милиони куни, пишуваат медиумите. Исто така, откриено е дека во него глуми Емир Хаџихафизбеговиќ.

Како што пишуваат хрватските медиуми, филмот моментално се снима во Загреб и Крк, а требаше да биде готов пред неколку години под наслов „Мојот приватен воен злосторник“, но сепак ќе се вика „Атмосфера“.

Филмот е во режија на Ивонa Јука, а продуцент е Анита Јука.

Според првичната идеја, заплетот на филмот требаше да следи двајца војници хомосексуалци за време на војната во 90-тите, но временската рамка беше „преместена“ на Втората светска војна, па името на филмот беше сменето.

Режисерот и продуцентот не се огласиле за него и тешко се добиваат информации. Nacional.hr истакнува дека успеале да откријат дека се работи за поранешни партизани кои биле геј, а во 1957 година во политичка пресметка некој го искористил тој факт за нивната сексуална ориентација против нив.

Иако изјавија дека новото име на филмот ќе биде „Атмосфера“, Емир Хаџихафизбеговиќ неодамна сподели фотографија од сетот во Крк на која изјави дека се работи за филмот на Ивона Јука, но напиша дека сепак ќе се вика „Странци во ноќта“.

На почеток