Свет

Автобуска несреќа во Турција, загинаа пет лица, меѓу нив и дете

Страшна несреќа се случила утрово во Дијарбекир, Турција.

Автобус се превртел на патот, по што 5 лица загинале.

Турските медиуми јавуваат дека пет лица, меѓу кои и едно дете, загинале, додека 22 други се повредени откако автобус се превртел на патот во Дијарбакир, објави ТВ каналот ТРТ Хабер.

Според извештаите, возачот изгубил контрола над возилото поради лизгање на патот поради дождот што ја зафатил областа.

На почеток