Македонија

Аавтомобил излета од патот Скопје-Велес, возачот тешко повреден

На 06.01.2023 во 20.40 часот било пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, после приклучокот од езеро Младост, патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.П.(37) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

На почеток