Македонија

Албанец со камион удрил велосипедист

На 06.01.2023 во 15.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Ливаде“, товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од Т.Д.(35) од Р.Албанија удрило во велосипед, управуван од С.Т.(51) од с.Младо Нагоричане.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На почеток