Магазин

(ВИДЕО) Скопјанка го импресионираше Балканот со две песни во „Sвездите на гранд“

Жирито на „Sвездите на Гранд“ беше импресионирано од изведбата на Инес Губерниќ, 24-годишна скопјанка која настапи во новиот круг на талент шоуто. „Ајде онда ништа“ беше првата песна, по која аплаудираа Марија Шерифовиќ и Цеца. По ова, настапи со песна од Ванна, една од најдобрите во нејзината кариера, со наслов „Као да ме нема“.

„Како ги погодува овие тонови со полн глас“, искоментира Марија Шерифовиќ.

Губерниќ доби шест гласови од жирито. Водителката искоментира: „Мислам дека оваа комбинација на песни, вака тешки, не знам дали некој друг споил“.

„Ти девојко прекрасно пееш, секоја чест!“, искоментира Цеца.

Босанац, искоментира дека првата песна била одлична.

На почеток