Скопје

Какви мерки се предложени за воздухот во Скопје да не мириса на расипана кисела зелка

„Загадувањето на воздухот во Скопје е алармантна тема која бара преземање неодложни мерки. Станува збор за најскапото нешто за граѓаните – нивното здравје“, вели Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник.

Дарко Каевски додава:

„Непреземањето ништо од страна на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е неодговорно и на штета на скопјани.

Повикуваме во ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат. Водењето инает и бегањето од вонредна седница на Советот на Град Скопје од страна на ВМРО-ДПМНЕ е неразумно и неодговорно.

СДСМ како одговорна политичка партија има иницијатива за вонредна седница на Советот на Град Скопје и неколку клучни мерки за намалување на загадувањето во главниот град.

Мерка 1: Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз.

Мерка 2: Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје.

Хаосот и нефункционалноста на јавниот превоз е директна причина за зголемување на загадувањето. Овие две мерки директно ќе влијаат на намалувањето на бројот на возила во градот и ќе стимулираат користење на јавниот превоз.

Мерка 3: Итна промена на средства во Буџетот на Град Скопје, за зголемување на парите за борба против загадувањето.

Додека скопјани дишат загаден воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за животна средна за дури 44%.

Тоа е Буџетот на Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој се намалени парите за животна средина за 44%.

Ова предлагаме да се промени и да се зголемат парите.

4. Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси, (замена на котлите во системот на затоплување).

5. Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје.

6. Чистење/миење на улиците и јавните површини со помош на цистерни.

7. Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Ги повикуваме во ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат мерките на СДСМ.

Измина цела година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска a ништо не е преземено.

Буквално една година се потроши на кавги за тендери и провизии а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направија ништо.

Скопјани скапо ја плаќаат цената за тоа неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и ова е шанса кога треба работите да се променат.

Подаваме рака заедно да ги донесеме мерките за борба против загадувањето во Скопје“.

На почеток