Македонија

Милионерот Каевски може и во штаб на СДС да му каже на директорот на ЈСП, кој е нивен кадар, да го зголеми бројот на автобуси кои сообраќаат, порача опозицијата

„Милионерот Каевски може и во штаб на СДС да му каже на директорот на ЈСП, кој е нивен кадар, да го зголеми бројот на автобуси кои сообраќаат“, порача ВМРО-ДПМНЕ и додаде:

Тој е истиот директор, кадар на СДС, кој го потпиша 27 милионскиот договор за набавка на гориво, без да биде предвиден вообичаениот рабат, и со тоа е оштетено претпријатието за 1.5 милиони евра.

Доколку не беа тендерите на Ковачевски и Арсовска сега ќе имаше и повеќе автобуси кои би сообраќале.

Лицемерно е Каевски кој е милионер на свои триесетина години, а до сега бил само државен функционер, 7 години во СДС да не го отвори прашањето со загадениот воздух.

Додека Каевски ги печалел милионите, народот се гушел и се уште се гуши.

Доволно е да се погледне анкетниот лист на Каевски со над 4 милиони на сметка и стан од над 60м2 и на секој ќе му биде јасно дека тој додека бил функционер работел само за себе.

20 милијарди евра од буџетите на државата во изминативе 7 години се потрошени на се, а ниту евро за намалување на загадувањето. Затоа се потребни промени, и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина за сите.

На почеток