Свет

(ВИДЕО) Тотален хаос во Бразил: Полицијата неподготвена, окупирани клучни згради

По неколкучасовен хаос, бразилските безбедносни сили успеаја да ја вратат контролата врз Конгресот, претседателската палата, како и врз зградата на Врховниот суд.

За потсетување, приврзаниците на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро во неделата упаднаа во Конгресот, во претседателската палата и во Врховниот суд во главниот град Бразилија, како мрачен потсетник на инвазијата на поддржувачите на Доналд Трамп во американскиот Капитол пред две години.

По неколку часа полицијата успеала да ја врати контролата врз зградите, при што биле уапсени над 400 лица.

Левичарскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, кој го победи Болсонаро на изборите во октомври, најави „федерално обезбедување“ во Бразилија што ќе трае до 31 јануари, откако демонстрантите успеаја да ги совладаат безбедносните сили.

Околу три часа по првичните извештаи за упад на демонстрантите во клучните институции, безбедносните сили успеаја повторно да заземат три од најважните згради во главниот град.

Лула, кој беше инаугуриран на 1 јануари, го обвини Болсонаро за поттикнување на неговите поддржувачи по кампањата со неосновани обвинувања за потенцијална изборна измама од крајот на неговото владеење.

Сојузниците на претседателот, исто така, покренаа прашања за тоа како безбедносните сили во бразилскиот главен град беа толку неподготвени и толку лесно совладани од бунтовниците кои со денови најавуваа протести за викендот на социјалните мрежи.

Foto: Tanjug/AP

На почеток