Актуелно

Жан Митрев: Сакаат да ме ликвидираат, во вистинска смисла на зборот

Доктор Жан Митрев во денешното гостување на Тв Телма изјави дека ова било планирано сценарио против него и истото се изведува до ден денес.

„Јас само ги изложувам фактите, тоа цела јавност го знае. Тоа сите го знаат. Има органи кои сето тоа треба да го следат, кои треба да го истражуват и кои треба да го докажуват. Јас сум жртва во сето ова, планирано, со сценарио и се изведува до ден денес“, вели Жан Митрев.

„Значи да субилимираме сметате дека еден од мотивите за тоа е дека можеби сте почнале преговори за продажба на удел од болницата, дали 51% или нешто, што можеби некого загрозува и дека на овој начин се обезвреднува болницата за да ви ја купат по поевтина цена доколку се уште ја продавате“, изјави водителката Снежана Лупевска Созен, на што Жан Митрев додаде:

„Или да ме ликвидираат во вистинска смисла на зборот за да таа болница после може некој да ја преземе. Многу е јасно дека ако Жан Митрев не постои како личност дека и таа болница треба некој да ја преземе бидејќи таа има и свои кредити и свои начини на функционирање. Така да, зошто беше тој атак лично на мене. Како можеше јас 23 години да работам во оваа Македонија се изменија не знам колку влади и колку министри и колку чуда. Како можеше, никогаш не сум бил љубимец на медиумите, секогаш сум бил на некоја линија кај што сум бил напаѓан и тоа е океј, меѓутоа како можеше ниедна до сега пријава од пациент
или било каква кривична пријава или било што до сега да биде проблем Жан Митрев и од еднаш, како гром од ведро небо јас се претворив во личност број еден, најцрна личност на годината или како и да ме избраа. На илјадници и илјадници пациенти буквално спасени, на илјадници пациенти оперирани …“.

На почеток