Новинарка која го работеше документарецот за Жан Митрев: Потребна е итна и темелна хемофилтрација на ‘новинарите’

Од
Објавено на

Една од новинарките која работеше на истражувањето за болницата Жан Митрев објави статус на социјалните мрежи, по завршувањето на гостувањето на докторот Жан Митрев кај Снежана Лупевска Созен на Телма.
„Потребна е итна и темелна хемофилтрација на медиумите и новинарите. Или уште поточно на ‘новинарите’“, стои во објавата на Маја Јовановска.
Објавата ја сподели и Сашка Цветковска која е уредничка на ИРЛ каде беше објавен документарецот.
