Свет

Трамп на својот митинг ја исмеа жената која го обвини Каваноа за сексуален напад

Додека америчките сенатори ги чекаат резултатите од истрагата на Федералното истражно биро за минатото на Брет Кавано, кандидатот за Врховниот суд, Трамп го искористи политичкиот собир да ја исмее жената која го обвини Каваноа за сексуален напад.

Претседателот Трамп во Мисисипи пред својата публика ја исмеа Кристин Блејзи Форд, која тврдеше дека Бред Кавано, бил пијан и извршил сексуален напад на средношколска забава во почетокот на 1980.

Синот на претседателот, Доналд Трамп помладиот, изјави дека Трамп со своите коментари не ја исмевал Кристин Блејзи Форд.

Коментарите на Трамп предизвикаа силна реакција кај некои од сенаторите, кои се уште немаат одлучено дали ќе го поддржат Каваноа. Помеѓу нив се републиканските сенатори Сузан Колинс и Џеф Флејк.

„Да се зборува за толку чувствителна тема на политички митинг не е исправно. Ако никој од сенаторите не го промени своето мислење, тоа што добивме пауза и прилика ФБИ да направи истрага, на сите нас ни дава доверба во процесот“, вели Флејк

Оние кои се дел од тимот на Кристин Блејзи Форд, не веруваат во истрагата на ФБИ бидејќи како што велат од бирото се уште не разговарале со Форд.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток