Скопје

Без вода неколку улици во Скопје

Поради дефект на затварач ф 80мм, без вода денеска од девет часот ќе бидат корисниците од улицата „Ленинова“ до бул. „Климент Охридски“ и од „Метрополит Теодосиј Гологанов“ до бул. „Кирил и Методиј“.

Вода од девет часот ќе немаат и корисниците на ул.„Индустриска“.

Водоснабдувањето ќе биде во прекин до санирање на дефектите, информираат од ЈП Водовод и канализација- Скопје.

На почеток