Коментар на денот: Судбината ви ја кројат во соседна држава, а вие се занимавате со улични кучиња
Изминативе денови актуелна е темата со кучињата скитници кои нападнаа две лица во Струга, но и убиството на повеќе од дваесетина бездомни кучиња. Сицијалните мрежи вријат од коментари во врска со последните настани, а посетата на политичарите од албанскиот блок во Тирана како да остана во сенка.
На социјалните мрежи реагираше политичкиот аналитичар Никола Србов кој вели дека додека судбината се крои во соседна држава, граѓаните се занимаваат со улични кучиња.
„Судбината ви ја кројат во соседна држава а вие се занимавате со улични кучиња. Браво Македонци! Исто вака се замаравте со снимки и во 2016 кога ни ја донесоа првата верзија од “тиранската”. Ќе има и трета верзија, тогаш ќе се занимавате со нешто трето. И секогаш ви е крив некој друг, одговорност нула“, се вели во објавата.