Скопје

Скопјанец паднал по скали во објект кој се градел и починал

На 12.01.2023 во 13.18 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во објект во изградба на ул.„Илија Димовски Гоче“ во Скопје починал Д.Н.(64) од Скопје.

Според пријавеното, Д.Н. бил во посета кај сопственикот на објектот, со кого биле во роднински врски и додека се симнувал по скали паднал и од здобиените повреди починал на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На почеток