Македонија

Се поврзано со странски инвестиции е заради работата на ВМРО-ДПМНЕ, а СДС за цел мандат не донесе ниту една нова фабрика, вели опозицијата

Се поврзано со странски инвестиции е заради работата на ВМРО-ДПМНЕ, а СДС за цел мандат не донесе ниту една нова фабрика. Не знаеме кого мисли СДС да манипулира со своите соопштенија, кога секој во Македонија знае дека ВМРО-ДПМНЕ го воведе концептот ТИРЗ, донесе најголем број регулативи и ги привлече сите странски инвестиции, кои се сега мотор на развој, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС има тотален дебакл на поле на привлекување на странски инвестиции. Пред да зборуваат за некакви нови инвестици кои уште не сме ги виделе, да кажат до каде е фабриката на e.GO за електрични автомобили, каде се подредија цела Влада за сликање, а резултат нема?! До каде е инвестицијата на Jennmar од Питсбург во Жабени, заради која дел од зоната се пренамени во ТИРЗ, до каде е инвестицијата на Rechi&Sons во Струга?! Каде се инвестициите на турската Mepsan во Скопје 1 и Almak од Јужна Кореја во Скопје 2.

Во Македонија со СДС нема политика за привлекување на странски инвестиции, се се сведува на дебакл. Затоа потребни се промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се грижи за економијата, развојот на државата и ќе работи за подобра иднина на граѓаните’, се вели во соопштението.

На почеток