Претепан поранешен фудбалер: Итно префрлен во болница, во моментов е во кома

Од
Објавено на

Поранешниот фудбалер на Босна и Херцеговина А.Р. тој е во кома, откако бил претепан, по што напаѓачите му пукале во глава, пренесува „Кликс.ба“.
Набргу по нападот, А.Р. бил пренесен во болница во Сараево, каде бил опериран, а сега е во кома.
Имено, како што пренесува „Кликс“, А.Р. бил нападнат на неговиот праг, кога две маскирани лица првично го нападнале со палки, а потоа му пукале во главата.
Истрагата е во тек, а се трага по напаѓачите.
Живеел во Гораже, каде минал дел од својата фудбалска кариера. Тој исто така настапувал и за Железничар, Вележ, Олимпик, Орашје и Задар.
