Македонија

Успешните енергетски политики на Владата даваат резултати, вели СДСМ

Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Во време на светска енергетска криза обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, вели СДСМ

„Прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и произведуваат енергија.

Освен што се задоволуваат 100 отсто од потребите, среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство.

Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.

ВМРО-ДПМНЕ молчи. Демантирани се сите нивни лаги и невистини со кои ширеа страв и паника кај граѓаните.

Во една од најпредизвикувачките зими нема рестрикции, туку вишоци на струја.

Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Електрична енергија од домашни извори има доволно, енергетскиот систем на државата е стабилен и во полн капацитет“, се вели во соопштнеието.

На почеток