Скопје

Без вода неколку улици во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (вторник) поради реконструкција на водоводна мрежа ф-150 мм на крстосницата бул. Митрополит Теодосиј Гологанов/Аминта Трети, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот (потегот од Амбасада на Република Бугарија до Никола Тримпаре) и дел од Аминта Трети.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

На почеток