Скопје

„Нема толеранција за дивоградби“ дециден е центарскиот градоначалник и почна да руши среде Центар

„Постапувајќи по решение за отстранување на доградба издадено од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес самостојно започна со отстранување на објектот“, пишува Горан Герасимовски, градоначалник на Центар.

Тој додава:

„Повторно упатувам апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти“.

На почеток