Свет

3 милијарди евра помош од ЕУ за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска на економскиот форум во Давос потврди дека е исплатена првата транша од три милијарди евра помош за Украина од пакетот програмиран на 18 милијарди евра.

Останатите неповратни средства треба Украина да ги добие во текот на 2023 година. Помошта е за зајакнување на финансиската стабилност на Украина, помош за исплата на плати и пензии и за работа на болниците, училиштата и станбени услуги.

– Нема да има неказнивост за руските злосторства. И нема да има прекин во нашата непоколеблива поддршка за Украина, од помагање за обновување на струјата, топлината и водата, до подготовката за долгорочни напори за реконструкција, рече Фон дер Лајен.

Од март Украина ќе добива по 1,5 милијарди помош но паралелно ќе треба да задоволува и реформски услови. За да ги финансира овие заеми, ЕК се задолжува од пазарите на капитал во рамките на својот единствен пристап за финансирање.

На почеток