Македонија

Вишоците на струја се продаваат по двојно пониски цени од берзански, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Кога СДС се фали дека државната ЕЛЕМ продава вишоци струја, треба воедно да каже дека ЕЛЕМ и Ковачевски државата и граѓаните ги чинат 230 милиони евра за само една година, колку што употребија пари од буџетот за купување на струја од пајташи блиски до власта, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Воедно да одговорат зошто се чекаше цели дваипол месеци за смена на генераторот, со што беше успорено производството на струја?

Главното прашање е што се прави и каде завршуваат тие вишоци на струја, односно зошто се продаваат на сомнителни субјекти по двојно пониски цени од берзанските?

Ова се прави за да броилото и фирмите на Ковачевски во енергетиката растат додека народот осиромашува. Добро е Ковачевски да објасни како неговата сопруга преку ноќ стана бизнис тајкун во овој енергетски сектор“, се вели во соопштението.

На почеток