Скопје

Казнети 129 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непочитување на првенство на минување. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

На почеток