Македонија

Затвореник наместо во затворот „Идризово“, си крадел

Денеска (18.01.2023) околу 10.30 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле 35-годишниот Р.А. од тетовско Одри за доиздржување затворска казна од 4 години и 11 месеци, откако претходно бил пуштен на викенд и не се вратил во КПУ Затвор “Идризово” во Скопје.

Тој е спроведен во казнено- поправната установа за доиздржување на казната.

Инаку, Р.А. се сомничи и дека ноќеска (18.01.2023) извршил тешка кражба во куќа во тетовско Беловиште, при што одзел пари и лични предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.

На почеток