Македонија

Можеше ли да се спречи катастрофалната несреќа на автопатот Струма во Бугарија во која во 2021 година загинаа 45 макеоднски државјани, а седум беа повредени?

Можеше ли да се спречи катастрофалната несреќа на автопатот Струма во Бугарија во која во 2021 година загинаа 45 макеоднски државјани, а седум беа повредени? – Ова прашање се наметнува по денешната седница на Комисијата за спречување корупција (ДКСК) која иницираше Владата да утврди одговорност за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, затоа што не донел навремено решение за забранана вршење дејност на станицата „Виа Комерц“, каде технички преглед мина и автобусот на „Беса Транс“ непосредно пред несреќата и му била издадена потврда дека е исправен.

Министерството за внатрешни работи (МВР) три месеци пред несреќа, односно во август 2021, при контрола на станицата за технички преглед, констатираше низа неправилности, по што е доставен предлог за забрана на вршење дејност, затоа што меѓу другото техничкиот преглед го вршат нестручни лица и овозможуваат во сообраќај да се вклучат технички неисправни возила. Но, забраната за вршење на дејност е издадена три дена по несреќата во Бугарија.

„Дали министерот намерно или ненамерно не го потпишал навремено решението и дали во таа постапка имало влијание или корупција не е потврдено. Но, од друга страна, прекршени се тие одредби, три месеци стоело решението и се предизвика тоа што се предизвика“, вели Шемси Сали, член на ДКСК.

Пријавата за овој случај е доставена од непознат подносител до Комисијата за спречување на корупција. ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски.

„Ние немаме податок дали техничка неиспрваност е причина за несреќата но наше е да укажеме од аспект на несовесно работење на министерот. Затоа до владата доставуваме иницијатива а целиот материјал оди во ЈО во прилог на нивниот веќе отворен предмет, вели Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

На почеток