Кривична за две лица кои сечеле дрва на државно земјиште
Од
Објавено на
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави, и тоа против Р.Н.(31) од с.Русиново, беровско и Д.Н.(25) од с.Разловци, делчевско, поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.
Во временскиот период од 18.03. до 30.06.2022, во атар на с.Русиново, на место викано „Дуџевица“, пријавените од шумска парцела во државна и приватна сопственост незаконски и противправно извршиле сеча на дрвна маса, со што предизвикале материјална штета од по 170.596 денари.